Пеп Гвардиола и Манчестер сити со рекордни постигнувања во ЛШ

Манчестер сити го совлада Слован во Братислава со 4:0 во натпреварот од 2.коло од Лигата на шампиони (ЛШ). Тоа беше прва победа на избраниците на Пеп Гвардиола сезонава во најсилното европско клупско фудбалско натпреварување, откако во првото коло ремизираа со Интер, 0:0.

Со оваа победа продолжи големата, рекордна серија на клубот од „Етихад“ во ЛШ, 25 меча без пораз, 17 победи и осум ремија.

Тие го израмнија рекордот од Купот на шампионите (КЕШ)/ЛШ поставен од Манчестер јунајтед под водство на Алекс Фергусон. Серијата на Јунајтед траеше од септември 2007 до мај 2009 година.

Последен тим што го победи Сити во регуларниот дел од натпреварот беше Реал Мадрид (3:1) во полуфиналето од сезоната 2021/22.

Најдолгите серии без пораз во КЕШ/ЛШ:

25 натпревари – Манчестер сити (6 септември 2022 година – во тек)

25 натпревари – Манчестер јунајтед (19 септември 2007 – 5 мај 2009 година)

20 натпревари – Ајакс (2 октомври 1985 – 20 март 1996 година)

19 натпревари – Баерн Минхен (18 септември 2019 година – 17 март 2021 година)

19 натпревари – Баерн Минхен (14 март 2001 – 2 април 2002 година)

17 натпревари – Црвена ѕвезда (07.09.1988 – 6.11.1991)…

Синоќа Пеп Гвардиола го предводеше својот тим до 13-та победа во ЛШ со победа не помала од четири гола. Ниту еден тренер/ менаџер во ова натпреварување нема повеќе вакви победи. Следен е Фергусон со 12 победи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО