Никлас Филкруг се сели во Штутгарт

Германскиот бундеслигаш Штутгарт ќе се обиде да го ангажира голгетерот на германската репрезентација, Никлас Филкруг. Голгетерот на Борусија Дортмунд треба да биде замена за Гираси кој ќе си замине.

Филкруг има договор со Дортмунд до 2026 година, но неговата иднина е неизвесна. Според информациите на Скај, Борусија сака да го купи напаѓачот на Штутгарт, Гираси кој има ослободителна клаузула од 18 милиони евра. Ако тоа се случи, во спротивна насока може да замине германскиот репрезентативец.

За Гираси со Штутгарт преговараат и Милан, Арсенал и Челзи.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО