Португалскиот фудбалер Рафа Силва ги шокираше навивачите на Бешикташ со одлуката да стави крај на кариерата среде сезона. Според турските медиуми, 32-годишниот офанзивец им соопштил на челниците на клубот дека повеќе не сака да игра професионален фудбал, иако има договор до 2027 година.
Силва, кој летово пристигна во Истанбул како големо засилување од Бенфика, наводно веќе подолго време се чувствува немотивирано и незадоволно од својата ситуација во тимот. По серија разговори со раководството и тренерот, фудбалерот им рекол дека нема намера да ја продолжи кариерата и сака да се повлече од спортот.
Оваа одлука доаѓа неочекувано, бидејќи Рафа имаше солиден почеток на сезоната и важеше за еден од поискусните лидери во составот на Бешикташ. Клубот се обидува да го убеди да се предомисли, но засега сè укажува дека неговата одлука е конечна.
Рафа Силва беше дел од златната генерација на Бенфика, со која освои неколку титули во Португалија, а настапуваше и за репрезентацијата на Португалија, со која го освои Евро 2016.