Шок на „Стемфорд Бриџ“ –Сандерленд го победи Челзи со гол во 93. минута!

Фудбалска драма во Лондон! Сандерленд приреди вистинско изненадување и го совлада Челзи со 2:1 во последните секунди од натпреварот, во меч кој ќе се памети долго време.

„Сините“ започнаа моќно и поведоа уште во 4. минута преку Алехандро Гарначо, но гостите од Сандерленд не се предадоа. Во 22. минута Вилсон Исидор израмни на 1:1, а потоа се играше неизвесно до самиот крај.

Кога сите очекуваа последниот свиреж, во 93. минута Чемседин Талби со фантастичен удар ја шокираше публиката на „Стемфорд Бриџ“ и донесе голема победа за својот тим.

Ова е еден од најголемите успеси на Сандерленд во последните години, додека за Челзи нов удар и уште еден натпревар во кој ја прокоцка предноста.

Во истото коло, Њукасл славеше со 2:1 против Фулам, благодарение на доцниот погодок на Бруно Гимараеш, кој донесе три важни бода за „сврките“.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО