Шкендија потврди: Го продадовме Максимов во ЛАСК Линц

Младинскиот македонски репрезентативец и досегашен член на У-21 селекцијата, Методи Максимов го направи својот прв интернационален трансфер.

21-годишниот фудбалер кариерата ја продолжува во Австрија, откако Шкендија и ЛАСК Линц постигнаа договор за трансфер на дефанзивецот.

-Шкендија со задоволство го објавува договорот со ЛАСК Линц за трансфер на десниот бек во Австрија. Клубовите ги договориле условите за овој трансфер, додека покрај обештетувањето, Шкендија задржува и 5% од вредноста за идниот евентуален трансфер.

Методи Максимов заминува по една година во таборот на црвено-црните. Тој во Шкендија дојде минатата зима од редовите на Работнички, додека по една година прави трансфер во тимот што се бори за титулата во встриската Бундес лига.

Сите во КФ Шкендија му се заблагодаруваат на Максимов за придонесот во црвено-црниот дрес, посакувајќи му многу успех во иднината на кариерата, порачаа од таборот на тетовци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО