Хиберниан – Шкендија 2:1 е резултат од првиот меч во 3.квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Марко Ѓорѓиевски беше стрелец за Шкендија за 1:1, а головите за домашните беа дело на Елидинг и О`Хора.
Па така патникот во плеј-офот ќе се решава на реваншот во Скопје следниот четврток.
Хибернијан беше подобар противник во првиот дел, односно Шкендија немаше ниту една посериозн прилика. Две полушанси за шкотскиот тим, а најсериозната ја имаше Кер кој со глава се обиде крај голот на Рамани. Имаше обид и Чаива кој заврши крај голот.
Шкендија заигра многу подобро на стартот од вториот дел. Тргна похрабро кон голот на Шкотите, Тамба имаше неколку добри продори, меѓутоа без ефект.
Во миговите кога беше „затишје“, Хибернијан стигна до предност. Акција по левата страна, асистенција на Рајт до Елдинг кој ја смести топката во мрежата на Рамани во 73. минута.
Три минути подоцна, нововлезениот Марко Ѓорѓиевски успеа да погоди во мрежата на домаќинот. Играчот на Шкендија од десната страна проби, и шутираше прецизно во голот на Салингер.
Хибернијан до нова предност во 90. минута. Нафрлена топка од корнер, најпрво Кер со глава погоди во стативата, и топката несреќно се одби до О’Хора кој ја спроведе во мрежата.