Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски ги одбројува последните десет дена до настапот на ЕП во атлетика, кое од 15 до 17 август ќе се одржи во Бирмингем, Обединетото Кралство.
Ивановски ќе настапи на 16 август во 08:10 часот во својата најсилна дисциплина, маратонот, како единствен македонски атлетичар кој обезбеди норма за континенталниот шампионат во 2026 година.
Ова ќе биде неговиот 55. настап во дресот на македонската репрезентација, воедно и 12. сезона во која настапува како професионален спортист.