Во пријателски одигран меч ова попладне, фудбалскиот клуб Шкендија Тетово, го доби дуелот против екипата од Полска, Варта Познањ со минимални 1:0.
Мечот е одигран во Анталија, Турција, каде всушност тетовската екипа ги одработува последните подготовки за преостанатиот дел од домашното првенство.
Варта Познањ и не е така добро пласирана во полското првенство, тие котираат на 15. позиција, така се стекнува впечаток дека противникот е во рангот на уште послаби екипи во Македонија.
Ералдо Чинари денеска ја донесе радоста на тетовската екипа и тоа всушност беше победнички гол.
Со оглед на тоа дека Шкендија и претходно победуваше во подготвките, може да се заклучи дека имаат позитивни подготовки оваа зима.