Aлан Ширер вели дека Герет Саутгејт мора да остане на кормилото на Англија без разлика како ќе поминат „трите лава“ на Европското во Германија.
-Мислам дека нема да има потреба да се врши притисок врз него. Ќе биде критикуван ако не го освојат првенството но, тој го врати чувството на верба и среќа во тимот – потенцира Ширер.
Англиската репрезентација настапот на Европското ќе го започне утре против селекцијата на Србија. Во групата се уште Данска и Словенија.