Шефилд го урна анти-рекордот по бројот на примени голови во Премиер лигата

Шефилд синоќа загуби на гостi кај Манчестер jунајтед, 2:4 во натпреварот од 29. коло на англиската Премиер лига. По овој пораз, бројот на примени голови на Шефилд во тековната сезона во Премиер лигата изнесува 92 на 34 натпревари, од кои 26 на последните осум меча.

Со тоа Шефилд го собори анти-рекордот во Премиер лигата за примени голови во една сезона од 38 натпревари, што го постави Дерби каунти во сезоната 2007/08 кога прими 89 гола.

Анти-рекордот на англиската Премиер лига за сезона од 42 натпревари се 100-те гола на Свиндон во сезоната 1993/94. За да го надмине ова негативно достигнување, Шефилд ќе треба да прими уште девет гола на четирите преостанати натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО