Анчелоти: Чави ја донесе вистинската одлука

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти проговори за Чави околу одлуката да остане на тренерската клупа на каталонскиот гигант, Барселона до крајот на јуни 2025 година.

– Мислам дека тоа е вистинската одлука. Тој направи добра работа за него и за клубот, изјави Анчелоти за шпанското онлајн издание на „Мундо Депортиво“.

На крајот од јануари Чави најави предвремено заминување од тренерското место во Барселона. До неодамна во медиумите наголемо се шпекулираше околу тоа дали шпанскиот стручњак ќе ја преиспита својата одлука, што се случи, односно тој и во следната сезона ќе ја предводи Барса.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО