Шампионот на Африка ќе добие седум милиони долари, „трошки“ во споредба со премиите за европски и светски првак

Фудбалската конфедерација на Африка (КАФ) објави зголемување на паричните награди за победникот на Купот на Африка за 40 насто.

Победникот на турнирот што ќе се одржи во Брегот на Слоновата Коска (БСК), од 13 јануари до 11 февруари, ќе добие седум, а поразениот во финалето четири милиони долари. Двата полуфиналисти ќе добијат по 2,5 милиони, четвртфиналисти по 1,3 милиони долари итн.

За споредба Италија, шампионот на Европа 2020-та, беше наградена со 34 милиони евра за триумфот. Аргентина пак за освојувањето на титулата светски првак лани во Катар доби 42 милиони долари.

Титулата првак на Африка ќе ја брани Сенегал, преполн со ѕвезди, кого го сметаат за еден од главните фаворити за нов триумф. По историскиот хет-трик на Египет во 2006, 2008 и 2010 година, ниту една земја не успеала да ја одбрани титулата.

Но, по првата победа во 2021 година и по двете последователни финалиња, Сенегал сонува да стави крај на оваа традиција.

Во најтесниот круг на фаворити за триумф се Мароко, Алжир, домаќинот БСК и Египет.

Како прва африканска нација која стигнала до полуфинале на Светско првенство (СП) лани во Катар, Мароко се надева дека ќе го потврди тој успех и на африканската сцена. Тие единствената титула ја освоија во 1976 година и се највисоко позиционирани на ранг листата на ФИФА (13-ти) меѓу сите тимови-учеснички.

На хартија, БСК зостанува малку зас Сенегал или Мароко, но не смее да се занемари играњето на домашен терен и предноста на земјата домаќин.

Алжир е под знак прашалник. Способни за извонредност, но и за разочарување и тешко е да се предвиди кое лице ќе го покажат сега. Тие ја освоија титулата во 2019 година, но во 2021 година беа елимирани во групната фаза, а потоа не се се квалификуваа ниту за СП 2022 година.

Никако не смее да се потцени и Египет. Со седум титули, тие се убедливо најуспешниот тим во историјата на Купот на Африка. Последен пат победија во 2010 година, а стигнаа и до финалето во 2017 и во 2021 година (губејќи на пенали од Сенегал).

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО