Ретклиф стапи на должност во Манчестер – се случил и клучен состанок со Тен Хаг

Сер Џим Ретклиф стапи на должност деновиве во Манчестер Јунајтед, откако пред неколку недели официјално откупи пакет од 25% акции во клубот од Олд Трафорд.

Со доаѓањето на нови сопственици во спортскиот сектор, се поставува прашањето дали и како тоа ќе се одрази кон Ерик Тен Хаг, кој стои на стаклени нозе по сите лоши резултати сезонава.

Ретклиф ги посети главните канцеларии на Манчестер во Керингтон и се запозна со тамошниот перснал, а откри и дека разговарале со Тен Хаг.

– Имавме долг и позитивен состанок, многу часови седевме заедно и разговаравме, по многу работи го делиме истото мислење. Тоа беше доста позитивен и конструктивен состанок и се радувам што ќе соработуваме.

Манчестер Јунајтед до крајот на месецот игра само два натпревари, на 8. јануари во ФА Купот, кога гостуваат кај Виган, а на 14 јануари на Олд Трафорд ја пречекуваат екипата на Тотенхем.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО