Шампионката во трискок нема да го брани златото во Париз

Олимписката и светска првенка во трискок, Јулимар Рохас ќе ги пропушти Олимписките игри во Париз поради повреда.

Рохас (28) на социјалните мрежи објави дека се повредила и нема да закрепне од повредата на време за да го одбрани златото освоено во Токио пред три години.

„Со многу болка и тага сакам да ви кажам дека додека тренирав ја повредив Ахиловата тетива на левата нога“, се наведува меѓу другото во најавата за актуелниот светска рекордерка на отворено и во сала.

Рохас го постави светскиот рекорд на отворено (15,67 м.) на Олимписките игри во Токио во 2021 година, а во сала (15,74 м) во Белград во 2022 година, за време на Светското првенство.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО