Сериозен предизвик за Партизан: Голема понуда пристигнала за миленикот на „гробари?“

Без оглед на тоа како и да заврши сезоната на Партизан, сигурно им претстои пеколно лето во однос на кадровската слика.

Како што вечерва пренесе „Телеспорт“, црно-белите би можеле да останат без услугите на еден од своите лидери, Алекса Аврамовиќ.

Српскиот репрезентативец има важечки договор со „црно-белите3, а за него постоел интерес од бројни клубови, кои засега не ги именуваат.

Партизан веќе бил контактиран од неколку тимови, но немало повратна информација околу тоа дали Аврамовиќ е навистина на продажба. Партизан посакува да го заддржи во тимот, за да не ја изгуби душата, бидејки Партизан ионака го бие глас дека има во своите редови само странски платеници, па доколку остане и без Аврамовиќ, тоа би било погубно за нив.

Договорот на Алекса Аврамовиќ истенува идното лето, а оваа сезона просечно бележи по 10,2 поени по натпревар и скоро по две асистенции од натпревар. Се верува дека една понуда надминува седум цифри и доколку навистина е така, Партизан сигурно нема да може да оддолее.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО