Серхио Рамос е најефикасниот дефанзивец во 21-от век

Меѓународната федерација за фудбалска историја и статистика (ИФФХС) е основана во март 1984 година во Лајпциг, Германија.

Главна цел на ИФФХС во која се претставени повеќе од 211 земји ширум светот, е хронолошката документација на фудбалските резултати, податоци и информации поврзани со фудбалот.

ИФФХС која постојано презентира интересни статистики и ситници сега објави листа на најдобрите европски дефанзивни стрелци во 21. век. Вкупно 31 дефанзивец постигнале 50 или повеќе голови.

Шпанецот Серхио Рамос, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на фудбалот, води на таа листа со 137 постигнати голови.

Единствен друг дефанзивец кој постигнал повеќе од 100 гола во овој век е англискиот фудбалер Џејмс Таверние (105) кој настапува за шкотскиот Ренџерс и е познат по својата ефикасност од слободните удари.

Следуваат естонскиот десен бек Маркус Јургенсон (85) и стоперот од Северна Ирска, Колин Коутс (81).

На петтото место е првиот Хрват на листата и најдобар меѓу пензионираните фудбалери. Тоа е поранешниот капитен на репрезентацијата Даријо Срна кој во кариерата постигнал 79 гола, од кои 22 за Хрватска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО