Македонската олимписка делегација успешно се претстави на почетокот на Олимписките игри во Париз, атрактивно, низ реката Сена среде Париз.
Веќе е познато дека на овие Олимписки игри, Македонија ќе има шест претставници и тие сите беа дел од свеченото отварање, кое беше атракција и одеше во директен пренос.
Никола Ѓуретановиќ ќе се натпреварува во пливање на 400 метри слободно, потоа Дарио Ивановски како маратонец, следува Владимир Егоров во борење до 57 килограни, Анастасија Мојсоска во спортско стрелаштво, 10 метри воздушна пушка, Милијана Рељиќ во категоријата Таеквондои Еди Шерифовски во категоријата Џудо.
🇲🇰MACEDONIA 🇲🇰 ❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️❤️#ceremoniedouverture #OpeningCeremony #Paris2024 pic.twitter.com/lnHJUTVMHI
— 🙀 VeryBadMjay / ВериБедМјау 😹 (@veribedmjay) July 26, 2024