Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Енис Барди, на денешниот меч на неговиот Трабзонспор против Анкарагучу, заработи повреда и принудно беше заменет.
Се уште не е познато за каква тежина на повредата станува збор, но постои реална опасност тој да не биде на располагање на селекторот Милевски за мечевите против селекциите на Хрватска и Чешка во следниот период.
Барди денеска одигра само 17 минути, по што беше заменет од игра. Според првичните информации од Турција, не станува збор за некоја посериозна повреда, но дека мора да се почека за подетални прегледи во турските клиники.
Omuzundan yaşadığı sakatlıktan dolayı Bardhi devam edemiyor. 18. dakikada yerini Kerem Şen’e bıraktı. pic.twitter.com/Qgvk6KXqP7
— Günebakış Haber (@gazetegunebakis) May 26, 2024