Се подготвува третиот најголем трансфер во историјата

Рафаел Леао (24), одличното лево крило на Милан и на португалската репрезентација, би можел да стане третиот најскап фудбалер во историјата. Ал Хилал, шампионот на Саудиска Арабија, сака да го доведе и подготвен е да го плати обештетувањето од 175 милиони евра.

Португалските медиуми пишуваат дека приказната е сериозна бидејќи таткото на Леао, кој го застапува, лета за Арабија за да преговара со клубот кој по секоја цена го сака неговиот син.

Доколку Ал Хилал ја плати спомнатата сума, Милан би морал да го пушти Леао да замине. Неговиот трансфер би бил трет најскап во историјата на фудбалот, зад оној на Нејмар од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, и на Мбапе од Монако во ПСЖ за 180 милиони.

Леао беше баран од Реал, Барселона и Челси, но тој го продолжи договорот со Милан, кој беше уверен дека го заштитил со висока клаузула за заминување.

Леао би дошол во клуб каде што покрај Нејмар, главни играчи се Португалци и Срби. Тренер е Хорхе Жесус, а играч за врска е Рубен Невес. Таму се Александар Митровиќ и Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Леао пред пет години од Лил се пресели во Милан со 49,5 милиони евра. Оттогаш, тој постигна 57 и асистираше за 50 гола на 209 натпревари за Милан.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО