Онана разочаран од сезоната. Не помага ниту триумф во ФА купот!

Голманот на Манчестер јунајтед, Андре Онана, не верува дека евентуалниот триумф во ФА купот против Манчестер сити ќе ја смени целокупната слика за тоа што сторија „црвените ѓаволи“ сезонава.

– Во моментов тие се најсилниот тим, но и да ги победиме, нашата сезона нема да биде успешна. Како дел од Јунајтед, мислам дека освојувањето на ФА купот не е доволно, изјави Камерунецот.

Финалето на ФА купот меѓу градските ривали, Манчестер сити – Манчестер јунајтед ќе се одигра утре на стадионот „Вембли“ во Лондон, од 16 часот.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО