Се намалува и кошаркарската лига

Новото раководство на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) на денешниот состанок донесе неколку неколку важни одлуки кои се дел од таканаречените – Нови стратегии на КФМ за периодот 2025-2029.

Една од промените која што ќе привлече најголемо внимание е промената на името на елитното натпреварување, како и бројот на учесници. Од сезоната 2025/26 најсилното кошаркарско првенство ќе го носи името Суперлига (претходно Прва лига), додека една сезона подоцна ќе има кратење и место дванаесет екипи, ќе се натпреваруваат десет екипи.

Исто така промени ќе има и во правото на настап на странски кошаркари. Во регуларниот дел од сезоната екипата ќе може да настапи со четворица странци, од кои најмногу тројца на терен, додека во плеј-офот нема да има ограничувања.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО