Се јави Ди Марзио за трансферот на Хамилтон во Ферари: Исто како и доаѓањето на КР7 во Торино

Повеќето медиуми попладнево објавија дека трансферот на Луис Хамилтон во Ферари од следната година е завршена приказна и дека се чека само официјална потврда.

Први кои излегоа со таа приказна дека се е договорено е Скај Спорт, а таа приказна подоцна ја проследија и италијанските медиуми, кои го тврдат истото, дека во Маранело и дефинитивно доаѓа Луис Хамилтон.

Сето тоа го проследи со свој типичен коментар и Џанлука Ди Марзио, италијанскиот новинар кој има доста влијание во фудбалскиот трансфер пазар и овој трансфер на Хамилтон во Ферари го спореди со оној на Кристијано Роналдо во Јувентус.

– Во фудбалот, во Италија поточно, повеќето од најдобрите играчи имавме проблем да ги убедиме да дојдат во Серија А, затоа што последните неколку сезони фудбалот беше паднат во Италија, во реномето на лигата, но по доаѓањето на Кристијано Роналдо во Јувентус беше значаен чекор напред, а доаѓањето на Хамилтон во Ферари би го споредил на оној трансфер на Кристијано во Торино, порача Ди Марзио.

Хамилтон сигурно ќе донесе екстра квалитет во таборот на Ферари, но дали тоа ќе биде доволно идната сезона да се донесе титула која се чека долго, уште од времето на Кими Раиконен, останува на времето да покаже.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО