Селекторот на англиската репрезентација Герет Саутгејт го сподели своето мислење за развојот на својата репрезентација за време на тековното Евро 2024 година.
– Мислам дека пораснавме како тим. На почетокот на турнирот имавме многу новајлии и многу играчи кои имаа малку подготовка со националниот тим, па физички сега се во подобра форма. Стекнавме одредени искуства кои ќе ја зајакнат нашата отпорност. Сега уживаме во патувањето и гледаме колку далеку можеме да одиме, изјави Саутгејт, за официјалниот сајт на УЕФА. Да потсетиме, денеска, 30 јуни, во 1/8 финалето на ЕП 2024, селекцијата на Англија ќе се сретне со Словачка. Натпреварот ќе се одигра на „Велтинс Арената“ во Гелзенкирхен, а стратот е во 18:00 часот.