Саутгејт мораше да прецрта уште двајца за ЕП: Отпаднаа играчите на Ливерпул и Тотенхем

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт, денеска од поширокиот список на фудбалери за ЕП, прецрта уште двајца играчи и тоа од Ливерпул и Тотенхем.

Некој мораше дополнително да отпадне, а изборот падна на Џејмс Мадисон и Кертис Џонс.

Федерацијата излезе со соопштение, но и благодарност за нивниот досегашен ангажман.

– Им се заблагодаруваме на тоа што досега беа важен дел од нашиот тим во подготовките пред турнирот, порачаа од Федерацијата.

Саутгејт исто така, мора да ја провери дополнително и формата на Хари Мегваер, Лук Шо и Луис Данк, кои денеска тренираа индивидуално од составот.

Конечниот список од 26 играчи за Европското првенство, Герет Саутгејт ќе мора да го соопшти на јавноста до сабота. Ангија на ЕП ќе игра во групата Ц, заедно со репрезентациите на Србија, Данска и Словенија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО