Саудијците имаат кликер: Сега прават и трансфери во нисколигашите – со посебна цел!

Се повеќе се зборува за големите трансфери кои се остваруваат во Саудиска Арабија, но освен тоа, се бараат и фудбалери кои не се така популарно.

Роналдо, Нејмар, Бензема, се само дел од играчите кои направија милионски трансфери во саудиското првенство, но добро можат да заработат и фудбалерите од пониските лиги.

Се бараат играчи и за трета и четврта саудиска лига, а платата во клубовите од тој ранг се движи помеѓу 4 и 5000 евра и сместување. Саудијците очигледно не само најсилниот ранг, туку ги засилуваат и пониските лиги.

– Изминатите неколку месеци добиваме голем број на понуди од Саудиска Арабја на сите рамништа од фудбалската пирамира, вклучително и кон нисколигашите, открива Валентин Ботела Николас, кој работи за фирма која се занимава со посредништво при реализација на трансфери.

Неодамна било решение во Саудиска Арабија дека првенствата треба да бидат максимално засилени со играчи од Европа, дури и во послабите лиги, со цел првенствата да добијат на тежина за неколку години.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО