Во рамките на 11. коло од италијанската Серија А, Сасуоло постигна впечатлива победа над Аталанта со 0:3 на гостински терен во Бергамо.
Првиот гол го реализираше Доминико Берарди од пенал во 29. минута, додека веднаш по почетокот на второто полувреме, Рикардо Пинамонти го зголеми водството на 0:2. Третиот гол го потврди повторно Берарди во 66. минута, за конечни 0:3.
Оваа победа е голем удар за Аталанта, која оваа сезона настапува и во Лигата на Шампионите, додека Сасуоло покажува дека може да се носи и со најсилните клубови во Серија А.