Саша Везенков е прогласен за најкорисен играч на Евролигата

Евролигата го објави името на најкорисниот играч, во лигашката фаза од сезоната. Оваа сезона, престижната индивидуална награда му припадна на крилниот центар на Олимпијакос, Саша Везенков.

Ова е втор пат Бугаринот висок 206 см да ја освои наградата за најкорисен играч, претходно МВП беше во 2023 година.

Официјалната веб-страница на Евролигата ги објави резултатите. Везенков освои 35 проценти од гласовите на капитените и тренерите на тимовите, 20 проценти од медиумите и 10 проценти од навивачите. Зад него е плејмејкерот на Жалгирис, Силвен Франциско, додека Елајџа Брајант од Хапоел е трет.

Овие тројца, заедно со Никола Милутинов (Олимпијакос) и Жан Монтеро( Валенсија), претходно беа избрани во најдобрата петорка.

Везенков е најдобар стрелец во сезоната, просечно постигнуваше 19,4 поени по натпревар. Бугаринот со грчко и кипарско државјанство имаше и најдобар просек на индексни поени, 23,1. Оваа сезона, тој е петти најдобар скокач (6,6 по натпревар).

Најважно од сè, Везенков го предводеше Олимпијакос до првото место на табелата пред плејофот. Црвено-белите од Пиреја забележаа 26 победи и 12 порази, а тимот на тренерот Јоргос Баркокас ќе мора да биде подобар од Монако во серијата од плејофот за да се квалификува на завршниот турнир во Атина.

Само уште еден играч покрај 30-годишниот Везенков може да се пофали дека има две награди за најкорисен играч во Евролигата. Ентони Паркер освои две последователни награди во 2005 и 2006 година носејќи го дресот на Макаби.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО