Италијанскиот фудбалски стратег, Маурицио Сари ја одбил понудата да го преземе грчки Панатинаикос, пренесува новинарот Џанлука Ди Марцио.
Минатата сезона ПАО го освои четвртото место во грчкиот шампионат, но сезонава, според најавите, има шампионски амбиции. Сари е без работа откако си замина од Лацио каде што работеше во последните три сезони.
Во текот на професионалната кариера, 65-годишниот стручњак работеше во Верона, Емполи, Наполи, Јувентус и во Челси. Италијанските медиуми сметаат дека Сари најверојатно чека понуда да се врати во Премиер лигата.