Сара Ристовска: Нема разочарување и покрај поразот

Сара Ристовска беше најефикасната во селекцијата на Македонија во дуелот против Шпанија. Таа вели дека овој меч бил добар показател за моменталните можности на македонската репрезетација.

– Задоволна сум како го почнавме мечот, добро се држевме до одреден момент. Беше добар меч. Шпанија е силна, квалитетна репрезентација, тоа го покажа и денеска против нас. Имавме падови во играта, тоа некако стана карактеристно за нас, но нема разочарување, одиме од натпревар во натпревар, сега пак не’ чека Шпанија. Јас очекувам да се пласираме во завршницата на Европското првенство, изјави Ристовска.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО