Санчо се врати во Дортмунд и најави нешто во кое ќе ужива – за разлика од Манчестер

Англискиот фудбалер Џејдон Санчо повторно ќе биде дел од Борусија Дортмунд, „милионерите“ го потврдија неговото доаѓање.

Позајмицата е вредна до 30. јуни 2024 година, по што ќе се знае судбината на Џејдон Санчо, дали евентуално ќе остане и понатаму во Дортмунд или ќе се врати во Манчестер.

Три милиони евра треба да биде тешка позајмицата во траење од шест месеци, откако претходно Јунајтед на Борусија и исплати 80 милиони во трансферот на овој фудбалер.

– Кога влегов во соблекувалната, се чувствував како дома. Го познавам клубот одвнатре и однадвор, бев близок со навивачите и никогаш не го изгубив контактот со нив. Со нетрпение чекам да ги видам соиграчите, да излезам на терен и конечно да играм со насмевка на лице, па да постигнувам голови, порача Џејдон Санчо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО