По елиминацијата на Сенегал од СП од Белгија значеше и крај на репрезентативната кариера на Садио Мане.
Еден од најдобрите фудбалери во историјата на Сенегал, реши дека е време да си замине од националниот тим.
Мане за Сенегал дебитираше во 2012 година, а репрезентативната кариера ја заврши со 130 настапи.
Кулминација на репрезентативната кариера се случи во 2021 година кога Сенегал ја освои титулата на Африканскиот куп на нации за прв пат во својата историја.
На клупски план Мане нема да прави промени и во новата сезона повторно ќе го носи дресот на Ал-Наср клуб со кој има договор до јуни 2027 година.