Нова пресметка за пласман во полуфиналето ќе има вечерва во Мајами Англија против Норвешка (почеток 23 часот). Тоа ќе биде дуел на уште две европски репрезентации.
– Тие се фаворити, но не се големи. Сметам дека Англија е под поголем притисок од нас, но кога ќе почне натпреварот играчите не мислат на притисок. Бразил и Англија се може двете најголеми фудбалски нации со кои можеме да играме. Не е никаква тајна дека Кејн е нивниот најдобар играч, а Ерлинг (Халанд) кај нас, кој ни носи победи, но не ги потценувајте и другите наши фудбалери, изјави селекторот на Норвешка Стале Солбакен.
На досегашните пет натпревари Норвешка на сите и постигнуваше и примаше гол. Во групата ги совладаа Ирак (4:1) и Сенегал (3:2), загубија од Франција (1:4), а во нокаут фазата ги елиминираа Брегот на Слоновата Коска (2:1) и Бразил (2:1).
Победникот од овој дуел во полуфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Аргентина – Швајцарија што се игра ноќеска во 3 часот.