Едно од најстарите правила на тенисот, барем што се однесува до посериозните турнири, е дека гледачите на трибините мора да останат на своите места за време мечевите.
Пауза можат да направет по непарните гемови за да се освежат, да си купат сендвичи или да користат тоалет. Причината за тоа е едноставна; на играчите им е потребна фокусираност и целосна концентрација, без никакви одолговлекувања!
Сепак, организаторите на САД опен решија на дел од гледачите да им дадат поголема слобода на движење околу трибините.
Според новото правило, кое годинава беше воведено на Флешинг Медоус, љубителите на тенисот можат слободно да се шетаат по трибините, да излегуваат и да влегуваат на теренот кога ќе им одговара. Многу гледачи тоа го дочекаа со воодушевување.
Иако на тенисер(к)ите ќе им треба повеќе време да се навикнат на новите правила, изгледа дека на некои тоа не им пречи.
– Го забележав тоа, но штом почне поенот, веќе ништо не гледам. Сум минал низ многу полуди ситуации во колеџ тенисот од луѓе кои стануваат од своите места и одат да се освежат со пијалоци, рече Бен Шелтон, полуфиналистот во 2023 година.