Претседателот на Кошаркарскиот сојуз (КС) на Србија, Предраг Даниловиќ денеска и официјално поднесе оставка која ќе стапи во сила на 1 октомври 2024 година, се наведува во соопштението на КСС.
Даниловиќ стана претседател на КСС во 2016, а на оваа функција беше реизбран во 2020 година.
Неговиот мандат истекуваше во декември годинава, а според медиумите тој одлучил да се пензионира порано за што поскоро да се заврши изборниот процес и со тоа да му овозможи на новиот претседател да донесува одлуки за националниот тим и за селекторот пред почетокот на новиот циклус.