Светскиот рекет број 1, Арина Сабаленка, постави рекорд за освоен најголем награден фонд во една сезона, објави „Tennis.com“.
Белорусинката заработила 15 милиони и 8.519 долари во 2025 година. Претходниот рекорд ѝ припаѓаше на Американката Серена Вилијамс, која освои 12.385.572 долари во 2013 година.
Дваесет и седумгодишната Сабаленка одигра 75 натпревари во сезоната 2025 година, од кои победи на 63. Таа го освои УС Опен, како и турнирите во Бризбејн, Мајами и Мадрид.
Минатиот викенд Сабаленка во финалето на Завршниот ВТА турнир, Сабаленка загуби од Казахстанката Елена Рибакина.
Фото: ЕПА