Сабаленка: Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене

 Белоруската тенисерка Арина Сабаленка ги сподели своите впечатоци за сезоната 2025.

– Оваа година беше тешка, но неверојатно плодна за мене. Гренд слем титула, првото место во светот втора година по ред и уште неколку трофеи за додавање во мојата колекција… Не можев да го направам тоа без Тим Тајгер – луѓето кои секогаш се покрај мене. Научив толку многу лекции оваа година, благодарение на подеми и падови на секој турнир и тренинзите помеѓу нив. Вечно сум благодарна за сè.“ Сезона 2026, ајде! – напиша 27-годишната тенисерка на социјалните мрежи.

Сабаленка во саботата загуби од Елена Рибакина од Казахстан во финалето на Завршниот турнир на ВТА со резултат 3:6 и 6:7 (0:7).

Во сезоната 2025, Сабаленка го освои УС Опен, како и турнирите во Бризбејн, Мајами и Мадрид.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО