За ВТА нема дилеми. Сабаленка ги „збриша“ ривалките и е најдобра годинава

Белорусинката, Арина Сабаленка прогласена е за најдобра тенисерка годинава според ВТА, што беше и очекувано, бидејќи сезонава ја заврши како број еден во светот.

Таа го добива ова признание за прв пат, откако годинава освои четири титули, меѓу кои и два грен слем трофеи, Австралија опен и САД опен.

Сабаленка зад себе ја остави Ига Швјонтек од Полска, која неодамна се најде во центарот на допинг скандал и беше суспендирана, за разлика од Италијанецот, Јаник Синер, тенисерот број еден на планетата, кој не беше санкциониран.

За двојки на годината прогласени се Италијанките Сара Ерани и Јасмин Паолини, а ѕвезда во подем е Американката, Ема Наваро. Најдобар дебитант е Новозеланѓанката Лулу Сан.

Признаието за „камбек“ на годината оди кај Шпанката, Паола Бадоса која поради повреда на грбот го пропушти вториот дел од ланската сезона. Годинава Бадоса ја освои титулата во Вашингтон и играше во полуфиналето на турнирите во Синсинати, Пекинг и во Нингбо.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО