Холгер Руне верува дека Новак Ѓоковиќ би бил господар на Ролан Гарос, доколку во неговата ера го немал за ривал Рафаел Надал.
Надал е елиминиран годинава уште во 1. коло од Ролан Гарос и тоа може да се смета за сензација, не гледајки ја неговата здравствена ситуација.
Младиот дански тенисер Холгер Руне верува дека Ѓоковиќ е човекот кој ќе доминирал сите овие години во Париз, доколку на гридот го немало шпанскиот тенисер.
– Доколку Рафа не постоеше сите овие години, сигурен сум дека Новак ќе беше владетел во Париз. Има освоено три Ролан Гарос турнири, што е неверојатно во ерата на Надал. Иако е потценет, тој е фаворит сезонава на земјена подлога. Никогаш и никој не смее да го отпише, поготово не овде, најдобар е кога е најважно, тогаш го игра најдобриот тенис, порача Холгер Руне.