Румениге верува дека Интер може да ја освои ЛШ

Легендата на германскиот фудбал, Карл Хајнц Румениге, доби прашање од „Газета Дело Спорт“ дали Интер може да го освои врвот на Европа во тековнава сезона.

– Во Интер успеаја да изградат добар тим со тренер кој во почетокот немаше голема самодоверба. Сега најмногу ми се допаѓа начинот на кој тие гледаат на Интер. Излегуваат на терен убедени дека ќе победат, – вели Румениге.

– Скудетото изгледа решено. Тоа е добро изграден тим со голема финансиска интелигенција од мојот пријател Марота и сето тоа функционира. Инзаги можеби беше потценет до минатата година, по што ги покажа квалитетите, – вели Румениге.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО