Екипата на Џенова бесни на судијата Аироли

Тренерот на фудбалерите на Џенова, Алберто Џилардино, изрази разочарување од досудениот пенал за Интер на вчерашниот меч во Милано иако ВАР ја прегледа ситуацијата.

-На теренот не изгледаше како пенал и откако ја видовме снимката сега сме сигурни во тоа. Кога судијата беше повикан од ВАР, требаше да ја преиспита одлуката но, не го стори тоа. Да речеме дека е сомнително – вели Џиралдино.

– Тоа е разочарувачки бидејќи инцидентите како овој ги менуваат игрите. Мислам дека судијата и ВАР треба да комуницираат. Со достапен ВАР, судиите на теренот мора да запрат, дури и ако прегледот трае неколку минути. На крајот на краиштата, тие се луѓе и секој може да направи грешка – потенцираше тренерот на Џенова.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО