Румениге откри како Пеп влијаел на трансферот на Компани во Минхен

Баерн Минхен го потврди доаѓањето на Винсен Компани на тренерската позиција.

По сезоната без ниту еден трофеј, што во Минхен не се памети од поодамна, Тухел замина, а клубот почна да бара нов тренер.

Управата на клубот имаше повеќе опции, Чаби Алонсо, Јулиан Нагелсман, Ханси Флик и Зинедин Зидан, но на крајот сето тоа падна во вода, бидејки го избраа Компани, а Румениге потврди дека Гвардиола имал влијание на овој трансфер.

– Клубот одлучи дека Компани треба да биде нов тренер на клубот. Ги средуваме деталите и наскоро тоа ќе биде официјално. Пеп Гвардиола доста ни помогна околу Компани и зборуваше за новиот тренер во позитивни тонови, па се решивме за него. Пеп добро го познава и истакна дека има позитивно мислење за него, порача Карл Хајнц Румениге.

Компани има скоро 39 години години, но не доаѓа во Минхен без искуство. Иако кратка кариера, сепак работеше во Андерлехт на кратко, па од таму го презема Барнли летото 2022 година.

Сезонава под негово раководство, Барнли на 38 мечеви имаше 5 победи, девет реми натпревари и 24 порази.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО