Мбапе во ексклузивен разговор за Скај спорт: Ако одам во Италија..

Францускиот фудбалер Килиан Мбапе, пред неколку дена ја извести јавноста и фановите дека заминува од Париз и дека наскоро ќе има нов клуб.

Речиси е извесно дека тој ќе игра во Реал Мадрид, иако тоа се’ уште не е потврдено. За Реал позитивно е тоа што го добиваат без ниту евро обештетување за ПСЖ.

Во интервју за Скај спорт, Килиан Мбапе, не кажа каде ќе игра, но откри за кого навивал во детството.

– Некогаш го следев италијанскиот фудбал, но дали би направил трансфер некогаш таму? Не знам што носи иднината, можеби, секогаш сум си зборувал сам себеси, ако некогаш одам во Италија, тоа ќе биде во Милан. Како дете, ги гледав сите нивни натпревари во Европа и бев жесток навивач, цело мое семејство, сите навивавме за Милан, порача Мбапе.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО