Рудигер си заминува од Реал – Алонсо веќе има нови планови во одбраната

Искусниот германски дефанзивец Антонио Рудигер ќе го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната 2025/26. Според најавите, Рудигер веќе не е во плановите на тренерот Чаби Алонсо, кој има намера да му даде шанса на помладите фудбалери Милитао и Хујсен.

Германецот моментално е надвор од терените поради повреда, а неговото враќање се очекува во ноември. Наводно, причина за разделбата се и нарушените односи со Билингам, како и коментарите од тренерскиот штаб за неговата физичка подготвеност.

Рудигер пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2022 година како слободен играч од Челзи. За Реал одигра 157 натпревари и освои осум трофеи.

Клубот веќе планира нови решенија во одбраната, а трансферот на искусниот дефанзивец најверојатно ќе биде реализиран следното лето.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО