Драган Стојковиќ повеќе не е селектор на Фудбалска репрезентација на Србија

Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз официјално ја прифати оставката на Пикси, која дојде по поразот на домашен терен од Албанија (0:1), резултат што значително ги намали шансите на Србија за пласман во баражот за Светско првенство во фудбал 2026.

Селекторот не отпатува со тимот на гостувањето против Андора, а неговото место привремено го презеде Зоран Мирковиќ, тренерот на младинската репрезентација.

Според српските медиуми, најсериозен кандидат за нов селектор е Владан Милојевиќ, актуелен тренер на Црвена звезда, но официјална одлука сè уште нема.

Во медиумите се појавија шпекулации дека Стојковиќ би можел да добие обесштетување од еден милион евра, но од Фудбалскиот сојуз најавија дека ќе му бидат исплатени само платите до денот на поднесената оставка.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО