Норвешкиот тенисер, Каспер Руд по сензационалната победа против Новак Ѓоковиќ на Мастерсот во Монте Карло, вели дека не очекувал конечно по шест мечеви да го победи лидерот на АТП листата.
– Кога Новак го промаши првиот сервис на крајот од мечот, мислев дека одигра многу брејк топки на сосема луд начин. Се чинеше дека се молам: „Само еднаш, но нека е двојна грешка. Секако, тажно е што натпреварот заврши така но, јас бев задоволен – вели Руд.
– Како го победив Ѓоковиќ? Добро прашање. Немам одговор на тоа. Јас сум само многу среќен. Да се победи број еден во светот е нешто што никогаш претходно не сум го направил, рече Руд.