Рубљев дисквалификуван на турнирот во Дубаи затоа што го пцуеше судијата

Рускиот тенисер Андреј Рубљев е дисквалификуван во полуфиналниот меч на АТП турнирот во Дубаи. Во решавачкиот трет сет Рубљев имаше брејк предност до осмиот гем, кога Казахстанецот Бублик се врати во натпреварот и успеа да остане во трка за победа.

Нервозата Русинот ја „истресе“ врз еден од линиските судии. Незадоволен од една негова одлука, тој му се втурна во лице на судијата. Вториот линиски, кој зборува руски, му сигнализираше дека Рубљов го навредува. Рубљов се бранел дека зборувал на англиски, а не на руски, и дека не навредувал никого, што на крајот не беше прифатено и тој беше суспендиран.

Русинот ќе ги загуби сите бодови и пари што ги освои во Емиратите, а воедно, како резултат на тоа ќе испадне од Топ 5 на АТП листата.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО