Тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ, не го криеше разочарувањето од пропуштената шанса за историски прв трофеј на Охрид.
„Дојдовме без два клучни бека, Борозан и Петриќ, а на полувреме го загувиме и Стрмљан. Мислам дека тоа е главната причина зошто го загубивме овој натпревар. Буквално играме на една топка, без толку играчи. Замислете да ги имавме тие играчи за ротација ќе бевме многу поблиску до победата.
Вардар 1961 има поширок ростер, ако ги имавме сите ракометари ќе беше многу подруга приказна. Но, и покрај тоа покажавме квалитетен ракомет. Ова навистина е тежок момент за нас. Жал ми е за момците, работевме напорно за да стигнеме до овој дуел и да бидам искрен очекував дека ќе победиме, иако сите го фаворизираа Вардар. Пак ќе кажам шок ни беше повредата на Стрмљан, сега сè е во рацете на докторите, не на тренерот“, рече Ројевиќ.