Рој Кин: „Ливерпул нема шанси за титула!“

Поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, јавно изјави дека Ливерпул повеќе не е конкурент за титулата во Премиер лигата. Говорејќи за „Sky Sports“ по убедливиот пораз на „црвените“ од 0:3 на гостувањето кај Манчестер Сити, Кин порача дека тимот на Арне Слот „едноставно нема квалитет и енергија за највисоките цели“.

-Не можете сериозно да го сметате Ливерпул за претендент за титулата. Манчестер Сити повторно изгледа моќно, токму како тимот што доминираше изминатите години, изјави Кин.

Со поразот на „Етихад“, Ливерпул заостанува осум бода зад лидерот Арсенал, а ова беше нивниот четврти последователен неуспех на гостински терен — нешто што не им се случило уште од 2012 година.

Кин додаде дека проблемот не е само во резултатите, туку и во начинот на кој тимот игра. „Нема интензитет, нема доволно борбен дух, замените се слаби. За клуб како Ливерпул, тоа не е доволно ако целта е титула“, нагласи тој.

Иако тренерот Арне Слот се обиде да ја задржи позитивната атмосфера и изјави дека бил задоволен од играта во второто полувреме, аналитичарите во Англија се согласуваат дека тимот е во пад на форма и дека ќе треба сериозен пресврт за да остане во борбата за шампионската круна.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО