Роџерс си замина од Селтик – Мартин О’Нил го презема тимот!

Брендан Роџерс повеќе не е тренер на Селтик, откако денес поднесе оставка со моментално дејство по сè послабите резултати и внатрешните тензии во клубот.

Селтик ја потврди веста со кратко соопштение, во кое се вели дека разделбата е постигната по „взаемна согласност“. Роџерс ја напушта функцијата во момент кога клубот заостанува осум бода зад лидерот во шкотското првенство, а атмосферата во тимот е далеку од идеална.

Од управата на клубот, особено главниот акционер Дермот Дезмонд, пристигнаа остри критики кон Роџерс, кого го нарекоа „дивизивен и само-службен“, обвинувајќи го дека создал токсична средина и изгубил контрола врз соблекувалната.

Роджерс, кој се врати во Селтик во 2023 година по успешниот прв мандат, не успеа да го повтори претходниот успех. Последниот пораз од Хартс (3:1) беше последната капка.

Како привремено решение, клупското раководство го назначи легендарниот Мартиn О’Нил, кој ќе ја води екипата заедно со поранешниот фудбалер Шон Мелони додека не се избере нов менаџер.

Ова е нов потрес за шкотскиот шампион, кој влегува во турбулентен период во обид да ја врати стабилноста и да го задржи чекорот со лидерите во Премиершип.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО