Родри се враќа на теренот. По повреда на коленото која го извади од игра скоро целата мината сезона и по кратка пауза од повеќе од три недели, шпанскиот репрезентативец конечно доби зелено светло од лекарите да се врати во составот на Манчестер Сити.
Врската на тимот, која игра клучна улога во стилот на тренерот Пеп Гвардиола, ја напушти играта во 22-рата минута на мечот против Брентфорд поради болки во коленото.
Враќањето на Родри ќе претставува голем поттик за Манчестер Сити, кои следат два важни натпревари: во среда, 29 октомври, ги пречекуваат Свонси во купот, а потоа на 2 ноември се домаќини на Борнмут во Премиер лигата.
Во услови кога тимот се бори за уште еден шампионски пласман, враќањето на висококвалификуваниот играч како Родри може да се покаже како пресвртница во сезоната.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: